Фото: EPA/JOHN G. MABANGLO

ВИДЕО | Букер со тројка во последната секунда го урна шампионот Оклахома

Кошаркарите на Феникс санс го победија бранителот на титулата во НБА лигата Оклахома сити тандер со 108:105 со тројка на Девин Букер во последните секунди од натпреварот.

Феникс успеа да се врати од негатива од 18 поени на домашен терен. Иако гостите имаа водство од 100:94 на четири минути до крајот на мечот, Санс направија серија од осум поени за да дојдат до пресврт и да направат драматична завршница.

Топката отиде кај првата ѕвезда на Феникс, Девин Букер, во последниот напад од регуларниот дел. Успеа да постигне тројка преку двајца играчи на Оклахома, по што останаа неколку десетинки од секундата до крајот, недоволно за Оклахома да направи нешто значајно.

Санс беа предводени од Џош Гудвин со 26 поени, Букер, кој ја донесе победата, имаше 24 поени и девет асистенции, а Дилон Брукс 22 поени. Шеј Гилџес-Александар запиша 25 поени, а Џејлен Вилијамс 23.

Оклахома останува на врвот во Западната конференција со учинок од 30-6, додека Феникс е на седмото место (21-15).

НБА лига, резултати:

Кливленд кавалирс – Детроит пистонс 110:114
Орландо меџик – Индијана пејсерс 135:127
Бруклин нетс – Денвер нагетс 127:115
Мајами хит – Њу Орлеанс пеликанс 125:106
Вашингтон визардс – Минесота тимбервулвс 115:141
Финикс санс – Оклахома сити тандер 108:105
Сакраменто кингс – Милвоки бакс 98:115

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот