Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

ВИДЕО | Бритни Спирс го ставила во ризик својот живот на луда ноќна забава со мистериозна жена: „За малку ќе ја прегазеше својата пријателка“

Пејачката беше видена како вози невнимателно по објавувањето на мемоарите на нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн во кои тој откри сè за неа.

Бритни Спирс повторно ги шокираше своите обожаватели. По објавувањето на експлозивните мемоари на нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн, однесувањето на поп-иконата повторно се враќа во темно поглавје од своето минато. Видео до кое дојде „Дејли мејл“ ја покажува пејачката како го напушта ресторанот Ред-О во Таузанд Оукс и седнува на возачкото седиште на нејзиното црно БМВ откако неколку луѓе наводно се обиделе да ја сопрат.

Еден минувач изјави за „Дејли мејл“ дека поп-ѕвездата Бритни речиси ја прегазила својата пријателка додека излегувала од паркингот. Видеото, исто така, ја покажува Спирс како скршнува во спротивните ленти, вклучувајќи ја и велосипедската патека, додека се упатува кон нејзиниот имот во Таузанд Оукс. Во еден момент, според видеото, таа возела зад друго возило. Кога поп-ѕвездата стигнала до семафорите, била видена и дека става нешто во уста. Изворот, исто така, рекол дека Спирс била заглавена пред оградата на нејзината куќа обидувајќи се да влезе внатре околу 20 минути.

– Таа го запали автомобилот и се упати кон оградата, која не се отвори – коментираше изворот.

– Таа го направи ова три или четири пати. Една пријателка беше во автомобилот со неа, но таа си замина по 20 минути, додека Бритни влезе во дворот 10 минути подоцна – додаде изворот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот