ВИДЕО | Брејк на Голден стејт во Минесота, повреда на Стеф Кари
Во првиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција во НБА плеј-офот, кошаркарите на Голден стејт ја совладаа Минесота со 99:88, иако во втората четвртина беа без Стеф Кари, кој го напушти теренот поради повреда на задната ложа на левата нога.
Препорачано
Кари одлично го започна натпреварот, постигнувајќи 13 поени за помалку од 13 минути, но мораше да го напушти теренот откако почувствува болка во ногата.
И покрај неговото отсуство, Вориорси успеаја да го одржат водството и на крајот да ја прослават победата. Најефикасен играч за Голден стејт беше Бади Хилд со 24 поени, осум скокови и три асистенции. Џими Батлер го заврши мечот со 20 поени, 11 скокови и осум асистенции.
Тимбервулвс имаше слаба офанзивна игра, особено во првото полувреме, кога ги промаши сите 15 обиди за тројка и постигна само 31 поен.
Ентони Едвардс беше прв стрелец за Минесота со 23 поени, односно девет од 22 шутеви од поле, но тоа не беше доволно за да се анулира негативата.
Вториот натпревар помеѓу овие две екипи е закажан за четврток во Минесота, каде што Тимбервулвс ќе се обиде да го израмни резултатот во серијата.


