Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Бред Пит го покажа своето голо торзо и тетоважите: Некои се посветени на Анџелина Џоли

Бред Пит го покажа своето голо торзо и ги воодушеви обожавателите ширум светот. Во новата промотивна фотографија за новиот филм „Ф1“, 61-годишниот актер откри импресивен број тетоважи, меѓу кои и таа со посвета на Анџелина Џоли, нивните шест деца и натписи со лично значење.

На фотографијата додека лежи на жолт кауч облечен во светли панталони, на градите и рацете му се видливи низа натписи и симболи. Тетоважите се вистински, односно не се дел од неговата филмска улога. Бред почнал да се тетовира за време на врската со Анџелина Џоли, која е позната по бројните тетоважи, а многумина забележале дека некои негови тетоважи наликуваат на нејзините.

Тетоважите на Пит имаат различно значење, пренесува „Дејли мејл“. На неговата лева подлактица има француска фраза што се преведува како „животот е апсурден“. На своето тело носи и скица од најстарата мумија на светот, Оци. Под неа стои натписот Invictus (латински „непобедлив“), напишан со големи букви.

На десната рака има долга, тенка вертикална линија која се вкрстува со хоризонтална линија под зглобот, формирајќи крст. На телото има и неколку посвети за Анџелина, како датумот на раѓање на долниот дел од торзото и буквата „А“. Тој ги истетовира и иницијалите на сите шест нивни деца: „М“ за Медокс, „П“ за Пакс, „З“ за Захара, „С“ за Шајло, „К“ за Нокс и „В“ за Вивиен.

Иако претходно само повремено покажуваше поединечни тетоважи на раката или ногата, новата фотографија ги изненади обожавателите кои не знаеја дека тој е вистински љубител на тетоважите.

“Бред Пит без кошула. Денот ми е моментално подобар”, “Еве ме, се топам”, се само дел од коментарите на неговите обожаватели.

Инаку, филмот „Ф1“ пристигнува во кината на 27 јуни 2025 година, а во последните неколку години се снимаше на вистински Ф1 трки ширум светот. Покрај Пит, во филмот играат Кери Кондон, Хавиер Бардем, Тобијас Менцис, Сара Нилс, Ким Бодниа и Самсон Кајо. Буџетот за снимање наводно надминал 300 милиони долари, со што овој филм е еден од десетте најскапи филмови во историјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот