ВИДЕО | Бразилски голгетер се пензионираше со стил на 41 година
Бразилскиот фудбалски ветеран Вагнер Лав на 41-годишна возраст стави точка на богатата кариера и тоа на начин каков што би посакал секој голгетер.
Препорачано
Во својот последен настап, искусниот напаѓач блесна како херој на Ретро во куп-дуелот, во кој неговиот тим славеше со 3-1 против Сеара. Токму Лав го постигна последниот погодок во 94. минута, ставајќи печат на победата и симболично збогувајќи се со фудбалот на најубав можен начин.
VAGNER LOVE HISTORICO! NO ULTIMO JOGO DA SUA CARREIRA! ELE MARCA!
SUBESTIMADO.
pic.twitter.com/XaMG2Kbhpj— Noite de Copa (@Noitedecopa) March 28, 2026
Пред стартот на средбата, легендарниот голгетер доби посебна чест, фудбалерите на двата тима му приредија шпалир, оддавајќи му признание за сè што остави зад себе во кариерата. Кога ја затресе мрежата, по одлична акција по крило и прецизен завршен удар, следуваше вистинска ерупција од емоции на трибините.
Дополнително, пред натпреварот му беше врачена и симболична маичка со бројот „442“, број кој ги отсликува сите негови постигнати голови во кариерата.
„Ова беа години исполнети со борба, посветеност, огромна радост и безброј предизвици кои ми помогнаа да растам како спортист и како човек. Тоа момче од Бангу кое сонуваше да игра фудбал никогаш не можеше да замисли дека ќе го доживее сето ова, да носи дресови на големи клубови, да постигнува одлучувачки голови, да освојува трофеи и да ја чувствува љубовта на навивачите каде и да игра“.
„Сакам да му се заблагодарам на Бог и на моето семејство, кои секогаш беа со мене, како и на сите клубови што станаа дел од мојата приказна. На соиграчите, тренерите, стручниот штаб, а особено на навивачите, вие бевте срцето на ова патување. Секој извик „гол“, секоја поддршка и во победи и во тешки моменти, сето тоа го направи мојот пат вреден. Го напуштам теренот со полно срце и чувство дека оставив нешто големо зад себе. Фудбалот ми даде сè, а јас се обидов да му вратам со љубов, посветеност и голови. Приказната на теренот завршува тука, но страста кон фудбалот ќе живее засекогаш. Ви благодарам од срце!“, порача Лав по натпреварот.
Најдлабока трага во кариерата остави во ЦСКА Москва со која во 2005 година успеа да го освои и трофејот во УЕФА куп.


