ВИДЕО: Бостон израмни против Мајами во финалето на Истокот

Џејсон Тејтум беше најефикасен во победата на Селтикси/Бостон, Масачусетс, САД/23 мај 2022/Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Кошаркарите на Бостон израмнија на 2:2 против Мајами во финалето на НБА плеј-офот на Источната конференција, откако синоќа победија со 102:82.

Селтикси ги предводеше Џејсон Тејтум со 31 поен, осум скока, пет асистенции и две блокади. Пејтон Причард во победата учествуваше со 14 поени, а Дерик Вајт со 13 поени, осум скока и шест асистенции. Џејлен Браун додаде 12 поени и седум скока, а Роберт Вилијамс 12 поени и девет скока.

Во тимот на Мајами најефикасен беше Виктор Оладипо со 23 поени, со шест асистенции и четири скока. Данкан Робинсон постигна 14 поени, а Кејлеб Мартин 12 поени запишувајќи шест скока. Бем Адебајо го заврши натпреварот со девет поени и шест скока, Џими Батлер со шест поени и седум скока, а Кајл Лори со три поени.

Во тимот од Мајами не беше Тајлер Хиру поради повреда на препоните. „Жешките“ ги промашија првите 15 од 16 шута, а натпреварот беше решен по првата четвртина. Во втората делница Селтикси поведоа со 27 поени, а во третата со 32.

Следниот петти натпревар ќе се игра ноќта меѓу среда и четврток во Мајами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот