ВИДЕО: Борусија Дортмунд го совлада Хајденхајм, Адејеми двоен стрелец
Фудбалерите на Борусија Дортмунд се новите лидери во најсилното германско првенство. Тие на стартот од третото коло го совладаа до вечерва водечкиот Хајденхајм во својот „Вестфален“ со 4:2.
Двоен стрелец беше Карим Адејеми, додека по неговата асистенција првиот гол за домаќините го постигна Донијел Мален. Се играше 11 минута кога Дортмунд поведе. Адејеми направи голем пробив за да стигне до работ на тимот на Хајденхајм и со топката ја истрча Донијел Мален, кој шутираше од свртување и ја погоди мрежата на гостите.
Шест минути подоцна Адејеми се запиша во листата на стрелците и го удвои водството на „милионерите“. Мален изведе контранапад, го искористи Брант, а вториот го виде Адејеми како влетува по левата страна, кој мајсторски ја заврши акцијата. Гостите ја намалија негативата во 39 минута кога по одличното нафрлување на Хактаб Траоре од десната страна, Марвин Пјерингер со глава ја затресе мрежата на минатосезонскиот финалист во Лигата на шампионите.
Само две минути подоцна Адејеми повторно ги израдува навивачите на Дортмунд. Одличниот напаѓач ја искористи асистенцијата на Рејнирсон на земја и по втор пат вечерва се запиша во листата на стрелците.
Хајденхајм не се предаваше, дефанзивецот на домашните Никлас Зиле одбрани пенал, кој Максимилијан Браунинг го претвори во гол во 74 минута. Сепак, сите дилеми околу прашањето за победникот беа решени во 93 минута кога искусниот Емре Џан погоди од белата точка за Дортмунд, претходно со рака играше десниот бек на гостите Хактаб Траоре.