ВИДЕО: „Бомба“ на Лазаров во изборот за гол на колото во Франција!

Кирил Лазаров го одигра својот најефикасен натпревар оваа сезона, но неговите 10 голови не беа доволни да се избегне поразот на гостувањето кај Лимож, кој е хит во досегашниот тек од шампионатот.

Нашиот десен бек повторно блескаше во дресот на Нант, а еден од неговите погодоци се најде во изборот за најубав гол на шестото коло во Франција.

Македонскиот репрезентативец уште еднаш покажа дека и на 40 години има „топ во раката“, постигнувајќи гол од 10 метри.

Потсетување, Лазаров се наоѓа на списокот играчи кај селекторот Данило Брестовац за првите натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Првиот меч сениорите ќе го одиграат на 4 ноември (среда) против Финска во Скопје, а вториот против Швајцарија во градот Цуг три дена подоцна.

Пласман на ЕП обезбедуваат првите две репрезентации од сите групи, како и четири најдобро рангирани репрезентации кои ќе завршат на третото место во групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот