Лазаров даде десет гола но неговиот Нант е поразен

фото: твитер/HBCNantes

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, одигра одличен натпревар во францускиот шампионат, но не успеа да го спаси својот тим од пораз.

Лазаров во поразот на Нант од Лимож од 32:31 постигна дури десет гола и беше најефикасен играч на натпреварот.

Тимот на Нант беше подобар во првиот дел и го доби во своја корист со 15:14, но во вторите 30. минути Лимож успеа да направи пресврт и во финишот дојде до предност од 30:27.
Ракометарите на Нант успеаја да се вратат во игра и да израмнат на 31:31. Но, последниот напад го имаа ракометарите на Лимож и благодарение на Браселур кој погоди во последната секунда, дојдоа до победата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот