ВИДЕО | Боки-13: Имам закани, не им е сеедно на засегнатите во „Рекет“, тие се актуелни политичари и оние кои ја држат власта

Бојан Јовановски / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

Имам закани, не им сеедно на лицата кои се засегнати во „Рекет“, тие се актуелни политичари и оние кои ја држат власта, изјави Бојан Јовановски за медиумите по предавањето на барањето во Кривичен суд за повторување на постапката за предметот „Рекет“.

„Имам закани, не им сеедно на лица кои се засегнати, тие се актуелни политичари и оние кои ја држат власта. Сум имал индиректни и директни закани, и сум го пријавил навремено. Имаше институционален молк во однос на тоа, имаше паушална слика дека јас воглавно зборувам неаргументирано, и зборувам само колку да зборувам, осносно да зборувам што е интересно за медиумите. Јас се што сум го кажувал пред овој Суд било со факти. За нашата земја не важи онаа старата пред фактите и Боговите молчат. Јас нема да молчам до целосно расветлување. Она што е најважно дека „Рeкет“ не е расчистен, треба да биде расчистен јавноста да знае што се случувало, и дека пред овој Суд е повторно дадено известување од вештото лице професор Орце Симов, вештак по ИТ Технологија, и е вештачен мојот телефон“, изјави Јовановски.

Јовановски рече дека поседува цврсти докази кои наскоро ќе ги приложи, посочувајќи го поранешниот премиер Зоран Заев дека е човекот кој комуницирал директно со сите лица кои биле кривично засегнати со постапките на Специјалното јавно обвинителство.

„Обвинителката Вилма Русковска презентираше само две-три пораки кои сум ги разменил јас со тогашниот премиер Зоран Заев, а токму од тие две-три пораки излегува дека Зоран Заев знаел за случајот „Рекет“, но во една позитивна афирмативна смисла, односно дека тој е човекот кој го бранел законот. А јас ќе ви кажам дека тој е сè, само не е човекот кој го бранел законот. Значи, Зоран Заев беше човекот кој комуницираше директно со сите лица кои беа кривично засегнати во постапките на Специјалното јавно обвинителство. Зоран Заев беше човекот кој во позиција на моќ имаше реален авторитет и можеше да влијае врз многу постапки и влијаеше врз многу постапки“, изјави Боки-13.

Боки-13 рече дека Зоран Заев извршил влијание за да му биде вратен пасошот на Орце Камчев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот