ВИДЕО | Беше на работ на смртта, а потоа ја запозна неа: Меколи Калкин јавно ѝ се заблагодари на својата партнерка

Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

На церемонијата на 1 декември 2023 година, Меколи Калкин ја доби својата ѕвезда на познатиот Булевар на славните во Холивуд. На наградата се појави и Кетрин О’Хара која ја глумеше мајката на славниот Кевин од комедијата „Сам дома“.

Актерот одржа емотивен говор за време на кој изрази посебна благодарност до својата партнерка. Тој ја претстави својата вереница Бренда Сонг, со која се забавува околу 5 години и нивниот син Дакота, кој има само две години и веќе неверојатно личи на својот татко.

Во публиката беше и нивниот втор син Карсон, чие раѓање беше најавено во март оваа година.

Тој ѝ оддаде почит на свршеницата Бренда Сонг за време на церемонијата на Булеварот на славните велејќи:

„Ти не си само најдобрата жена што некогаш сум ја запознал, ти си најдобрата личност што некогаш сум ја запознал. Ми даде цел, ми даде семејство и со нашите две момчиња станавте моите три омилени луѓе. И јас те сакам, те сакам многу“,

Инаку, франшизата „Сам дома“ беше и сè уште е омилена глобална сензација, а семејствата ширум светот сакаат да ја гледаат, особено во овој период од годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот