ВИДЕО: Бекам со помош на фудбалската топка наслика новогодишна елка

Фото: EPA-EFE/ADI WEDA

Познатиот англиски фудбалер Дејвид Бекам објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како работи на своето „уметничко дело“.

Божиќните и новогодишните празници полека се ближат, а Бекам изгледа веќе е во празнично расположение.

Во видеото кое го сподели пред своите фанови, се гледа дека е облечен само во панталони, како прецизно шутира топка намачкана со различни бои, создавајќи слика на новогодишна елка на таблата.

– Денеска направив хаос на работа – напиша Бекам во описот на видеото.

Неговите уметнички дела се импресивни, исто како и неговата фудбалска кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот