ВИДЕО: Барселона со „седмица“ против Њукасл до четвртфинале во ЛШ
Фудбалерите на Барселона приредија вистински спектакл на „Камп Ноу“ и со убедливи 7:2 против Њукасл обезбедија пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Препорачано
Англискиот тим беше рамноправен противник само во првото полувреме, додека во вториот дел целосно падна и му дозволи на домаќинот да ја преземе целосната контрола.
Каталонците рано го отворија резултатот преку Рафиња, но Њукасл возврати преку Еланга. Барселона брзо повторно поведе со голот на Бернал, а гостите одново израмнија по половина час игра. Сепак, во самиот финиш на првото полувреме, Јамал од пенал донесе нова предност за домаќините – 3:2.
Во продолжението, на теренот постоеше само еден тим. Барселона доминираше во секој сегмент, а Њукасл делуваше немоќно. Фермин Лопез зголеми на 4:2, по што следуваше шоу на Левандовски со два гола. Конечните 7:2 ги постави повторно Рафиња, кој исто така се запиша како двоен стрелец.
Њукасл во овој реванш влезе со надеж за изненадување со оглед дека првиот натпревар во Англија заврши нерешено 1:1, но вечерва Барселона не остави никаква дилема околу патникот во следната фаза.


