Фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

ВИДЕО | Барселона ја декласираше Мајорка за прво место во Ла Лига

Фудбалерите на Барселона денеска ја победија Мајорка со 3:0 на домашен терен во 23 коло од шпанската лига. Ова беше трета последователна победа на Барса, што ја зацврсти на врвот на табелата.

Гостинската екипа Мајорка успеа да им се спротивстави на домаќините, кои не ги победиле 17 години, во првиот половина час.

Барселона поведе во 29 минута со голот на Роберт Левандовски, а победата ја обезбеди во второто полувреме со головите на Ламин Јамал ​​во 61 минута и Марко Бернал во 83 минута.

Барселона е лидер на табелата во шпанската лига со 58 бода, а во следното коло ќе биде домаќин на Жирона.

Мајорка е на 15 место на табелата во Ла Лига со 24 бода и во следното коло ќе го пречека Бетис.

Шпанската лига ги одложи натпреварите Рајо Ваљекано – Овиедо и Севиља – Жирона поради лошите временски услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот