ВИДЕО: Барселона го преживеа Бетис, Тринкао е човек на одлука

epa08994802 FC Barcelona's Lionel Messi (2-R) celebrates with teammate Pedri (R) after scoring the 1-1 equalizer during the Spanish La Liga soccer match between Real Betis and FC Barcelona at Benito Villamarin stadium in Seville, southern Spain, 07 February 2021. EPA-EFE/Julio Munoz

Експериментот на Роналд Куман да му даде мал одмор на својот најдобар играч, Лионел Меси со тоа што го остави на клупата за резервни играчи, не се покажа како успешен, но на крајот Барселона славеше на гостувањето кај Бетис со 2:3.

Трите бода и шестата победа по ред за Барселона ги донесе Тринкао со голот во 87. минута, но вистински јунак беше голманот на каталонците, Марк Андре тер Штеген кој го бранеше и невозможното.

Првото полувреме во кое Барселона играше без Меси, помина во знакот на домашните фудбалери кои имаа неколку шанси, но не можеа да го совладаат одличниот Тер Штеген. Така беше се до 38. минута кога одличната контра со гол ја круниса Иглесијас.

Во второто полувреме, Куман мораше да го внесе Меси во игра и тоа вроди со плод во 59. минута кога Аргентинецот погоди за израмнување.
Само десет минути подоцна, Барселона прави пресврт откако топката по лошиот шут на Гризман се одби од несреќниот Руиз и заврши во мрежата. Сепак, дефанзивецот на Бетис се извади за киксот во 75. минута откако по одличниот центаршут на Фекир, со глава погоди за 2:2.

Голот вреден три бода за Барселона беше дело на Тринкао во 87. минута, а каталонскиот тим со оваа победа се израмни со Реал Мадрид на второто место на табелата со 43. бода, седум помалку од лидерот Атлетико Мадрид кој има два натпревари помалку.

Резултати:
Реал Сосиедад – Кадиз 4:1
Атлетик Билбао – Валенсија 1:1
Осасуна – Еибар 2:1
Бетис – Барселона 2:3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот