ВИДЕО: Банкеро во последната секунда му донесе триумф на Орландо

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Во рамките од НБА лигата кошаркарите на Орландо го совладаа Детроит со 112:109 благодарение на клучните поени на Паоло Банкеро во последната секунда од натпреварот.

Ноќта меѓу саботата и неделата се одиграа само три натпревари, а дефинитивно најинтересно беше во Детроит, каде навивачите на Пистонс со неверување гледаа што прави Американецот со италијанско потекло.

Банкеро го заврши мечот со 15 поени, пет скока и три асистенции, шутирајќи 5/17 од поле и 5/9 од линијата за слободни фрлања. Сепак, она што го направи во последната секунда привлече најголемо внимание.

Банкеро ја прими топката од теренот на 12 секунди до крајот на натпреварот со израмнет резултат, а потоа одигра „1 на 1“ со дефанзивец на Детроит. Сето тоа заврши на спектакуларен начин.

Банкеро погоди исклучително тежок удар за два поени, а беше и фаулиран, па имаше можност уште повеќе да му ја отежне работата на својот ривал од линијата за слободни фрлања.

НБА лига, резултати

Детроит – Орландо 109:112
Њујорк – Бостон 102:116
Минесота – Бруклин 101:86

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот