Фото: Mandel NGAN / AFP / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Балканците воодушевени: Меланија разговараше на српски јазик и се прегрнуваше со жртвите од пожарот во Лос Анџелес 

Новиот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија го посетија Лос Анџелес за да ја проценат ситуацијата во областите погодени од пожарите. Во текот на обиколката, Меланија имала единствена можност да разговара со жена на српски јазик, што предизвика воодушевување кај корисниците на социјалните мрежи и кај луѓето во регионот.

Фото: Mandel NGAN / AFP / Profimedia

Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Меланија разговара со жена, по што таа ја прегрнува и бакнува. Разговорот го започнала жената која ѝ се обратила на Меланија со „добар ден“, на што првата дама на САД одговорила со „добар ден, како сте?“.

 


Инаку, Трамп вчера во Лос Анџелес беше пречекан од гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, а по краткиот разговор заедно се обратија до медиумите. Трамп ја изрази својата намера да ги посети областите погодени од пожарите, додавајќи дека „проблемот ќе биде решен“, пренесува „Си-би-ес њуз“. Гувернерот му се заблагодари на Трамп за неговата посета и ја истакна потребата од поддршка на федерално ниво.

Во разорните пожари во населбите Палисадес и Итон загинаа 28 луѓе и се уништени илјадници објекти, вклучително и цели населби.

По завршувањето на посетата на Лос Анџелес, Трамп замина во Лас Вегас, додека Меланија го продолжи патувањето кон Флорида.

ФОТО | Жените полудеа по ноктите на Меланија Трамп: Дамски и атрактивно, нов тренд во маникирот! – Слободен печат

ФОТО+ВИДЕО | Сите зборуваат за танцот на Меланија и мускулестиот војник на инаугурацијата: Ја залепил за себе блиску, двајцата насмеани – Слободен печат

 

ФОТО+ВИДЕО | Доналд и Меланија Трамп заиграа на инаугуративниот бал: Сите погледи кон црно-белата креација која ја носеше првата дама! – Слободен печат

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот