
ФОТО | Жените полудеа по ноктите на Меланија Трамп: Дамски и атрактивно, нов тренд во маникирот!
Првата дама на САД Меланија Трамп повторно е во центарот на вниманието, а овој пат поради маникирот што го имаше на инаугурацијата на сопругот Доналд Трамп. Освен што привлече внимание со својот елегантен фустан со потпис на Ерве Пјер, се чини дека ноктите на Меланија Трамп би можеле да започнат и нов/стар тренд во маникирот.
Препорачано
Имено, Меланија за свечената пригода го избрала најновиот тренд во светот на маникирот, а станува збор за глазирани нокти кои одат со секој стил, односно стајлинг.

Станува збор за таканаречени глазирани нокти кои веќе неколку сезони се вистински хит, а жените толку многу ги сакаат што се создадени разни варијации на овој нежен, но ефектен маникир. Па, имаме – нокти со ефект на сјај за усни, млечни нокти, велнес нокти и слично.

Поентата на глазираните нокти е мазниот, сјаен слој кој наликува на мазната глазура што се наоѓа врз американските крофни. За лакирање се користат млечни, светли нијанси на лак и сјаен финален слој.
Оваа техника користи нежни нијанси, како што се беж, пастелно розови или проѕирни тонови, со додавање сјаен слој кој потсетува на рефлексија, одраз на стакло.
За изгледот на ноктите на Меланија била избрана нијанса која совршено го надополнува нејзиниот класичен стил – софистицирана, модерна и универзално привлечна. Првата дама уште еднаш покажа дека деталите можат да бидат клучен елемент за создавање совршен впечаток.
Експертот за говор на тело открива: Што значи широката и светла насмевка на Меланија Трамп?