Меланија Трамп танцува со војник на балот / Фото: Patrick T. Fallon / AFP / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Сите зборуваат за танцот на Меланија и мускулестиот војник на инаугурацијата: Ја залепил за себе блиску, двајцата насмеани

Фотографијата на првата дама на Америка, Меланија Трамп, во прегратките на згоден млад војник предизвика голема прашина на интернет.

Имено, Доналд и Меланија Трамп во понеделникот присуствуваа на три различни балови откако положија заклетва. Првиот во серијата беше познатиот „Командант Бал“ (Commander’s Ball), каде што требаше да танцуваат со припадниците на воените сили на САД.

Фото: Pool/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Пред да ги сменат партнерите, Доналд и Меланија танцуваа заедно. За време на оваа промена, создадена е фотографија која моментално е предмет на големо внимание на социјалните мрежи. На фотографијата се гледа како млад, атрактивен војник ѝ упатува насмевка и топол поглед на првата дама на Америка, на што таа очигледно не останала имуна.

 


Неговата рака беше околу нејзината половина, додека нејзината рака беше на неговото рамо. Оваа сцена предизвика бура од коментари, од кои многу беа и со примеси на експлицитни тонови. Коментарите најмногу се сведувале на тоа дека Меланија уживала во оваа блискост со младиот, привлечен маж.

 


„Доналд на апарати додека го гледа ова“, „Ѝ недостасува ‘младо месо’“, „Како страсно го гледа“, „Војникот целиот се разнежи неговата насмевка го покажува неговото задоволство“, „Заедно се неодоливи“, „Војникот е целосно во заведен“, „Таа е толку елегантна, а тој никогаш нема да го заборави овој ден“, беа само дел од бројните коментари.

За потсетување, во понеделникот во Вашингтон се одржа инаугурацијата на Доналд Трамп, со што и официјално стана 47-тиот претседател на САД. По церемонијата беа одржани три балови во чест на неговото „устоличување“, на кои Меланија Трамп сепак привлече поголемо внимание.

ФОТО | Првата дама ги оправда очекувањата: Меланија Трамп во елегантна креација на Адам Липес на утринска миса пред инаугурацијата

ФОТО+ВИДЕО | Доналд и Меланија Трамп заиграа на инаугуративниот бал: Сите погледи кон црно-белата креација која ја носеше првата дама!

Експертот за говор на тело открива: Што значи широката и светла насмевка на Меланија Трамп?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот