Баерн Минхен/FC Bayern München

ВИДЕО | Баерн постави рекорд, никој не постигнал повеќе голови во Бундеслигата

Баерн Минхен демонстрираше сила во 29. коло од Бундеслигата, декласирајќи го Сент Паули со убедливи 5-0 и правејќи нов чекор кон шампионската титула.

Баварците во првото полувреме постигнаа само еден гол, дело на Џамал Мусиала, но во продолжението следуваше вистинска офанзива. Во листата на стрелци се запишаа Леон Горецка, Мајкл Олисе, Џексон и Рафаел Гереро за убедлив триумф.

Со новите три бода, Баерн е лидер на табелата со 76 бодови, дури 12 повеќе од Борусија Дортмунд, и сè поблиску до освојување на титулата.

Избраниците на Винсент Компани воедно испишаа и историја, по 29 одиграни кола стигнаа до 105 постигнати голови, што е нов рекорд во Бундеслигата. Со тоа го надминаа претходниот учинок од 101 гол, поставен пред повеќе од пет децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот