ВИДЕО: Баерн моќно против Вердер, Кејн почна да ги тресе мрежите во Бундеслигата

фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Официјално стартуваше новата сезона во најсилната германска фудбалска лига, актуелниот шампион Баерн Минхен славеше убедливо на гостувањето кај Вердер со 0:4.

Уште во четвртата минута баварскиот гигант дојде во водство преку Сане по асистенцијата на новото големо засилување Кејн. Останатите три голови беа реализирани во текот на второто полувреме на „Весерстадион“ во Бремен.

За 0:2 во 74 минута од средбата се погрижи англискиот репрезентативец Кејн за негов прв гол во дебито во Бундеслигата.

Во 90 минута по вторпат во листата на стрелците се запиша Сане, а конечниот епилог го постави младиот 18-годишен напаѓач Тел (90+4`).

Во сабота и недела ќе се одиграат преостанатите дуели од првото коло: Аугсбург – Борусија Менхенгладбах, Баер Леверкузен – Лајпциг, Хофенхајм – Фрајбург, Штутгарт – Бохум, Волфсбург – Хајденхајм, Борусија Дортмунд – Келн, Унион Берлин – Мајнц и Ајнтрахт Франкфурт – Дармштад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот