ВИДЕО | Баба со нејзините внуци го запреа Киану Ривс среде улица: Актерот повторно ја докажа неговата добрина

Фото: Принтскрин / Јутјуб

За него велат дека е најљубезната ѕвезда во Холивуд, едноставен и добар човек. А, дека навистина е така постојано има докази. Овој пат, актерот Кијану Ривс со својот гест создаде убав спомен за едно момче кој ќе го памети цел живот, пишува „Дејли мејл“.

Имено, во септември актерот го посетил Хјустон поради настапот со својот бенд „Догстар“, каде наишол на една баба со своите два внуци. Кијану бил запрен од Анет Круз и нејзините внуци Елајџа (9) и Кејлеб (11) пред клубот „Хаус оф блус“, каде помладото момче му побарало автограм.

„Тој ми се потпиша на мене и брат ми, а потоа го прашав дали можеме малку да играме со топката. Кијану Ривс веднаш прифати. Бев нервозен затоа што тоа е светска ѕвезда“, изјавил Елајџа за локален медиум.

Неговиот брат Кејбел раскажа дека бил воодушевен што направил селфи со познатиот актер. Бабата Анет имала посебно хоби – фотографирање со светски ѕвезди и досега вели дека има 100 слики со познати личности, па кога дознала дека актерот е во градот веднаш решила да го побара заедно со внуците.

„Ми кажа дека Елајџа одлично ја фрла топката, а јас му се заблагодарив што мојот внук ќе има спомен за цел живот“, изјавила Анет.

Од една страна има голем број на вообразени ѕвезди кои дури се груби со своите фанови, а од друга Кијану е доказ дека ни славата не менува некои луѓе. Инаку, ова не e првпат славниот актер да ги воодушеви своите обожаватели со ваквиот пристап. И претходно ги изненади со постапки кои покажаа колку ги цени. Токму затоа многумина го нарекуваат еден од најљубезните луѓе во Холивуд.

ФОТО | Секогаш свој, непроменет од славата: Кијану Ривс се прошета со шноли на главата низ Берлин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот