ФОТО | Секогаш свој, непроменет од славата: Кијану Ривс се прошета со шноли на главата низ Берлин
Кијану Ривс познат по својата хуманитарна работа, скромниот начин на живот и хуманистичката природа што ја поседува и постојано ја демонстрира ги воодушевил обожавателите со неговото лежерно издание и игривост, појавувајќи се со многу необична фризура.
View this post on Instagram
Кијану Ривс (56) во понеделникот се појавил со поинаков стил од вообичаениот Холивудски гламур на сетот на „Џон Вик 4“ во Берлин, Германија, носејќи шноли во косата.
View this post on Instagram
Актерот пристигнал во познатата пивска градина и место за танцување, „Claerchen’s Ballhaus“ попладнето, пред ноќното снимање и неговите долги прамени коса биле прибрани со две сини шноли.
Носел црна маица додека разговарал со вработените во продукцијата и екипажот и изгледал задоволен што бил на работа. Имено, тој често е облечен како да не е мега славен.