ВИДЕО| Азербејџан започна антитерористичка операција во Нагорно-Карабах

Фото: EPA-EFE/HAYK BAGHDASARYAN / PHOTOLURE MANDATORY CREDIT

Азербејџан започна „антитерористичка операција“ од локален карактер во реонот на Нагорно-Карабах со цел да се воспостави уставен поредок
соопшти Министерството за одбрана на Републиката.

Азербејџанските медиуми јавуваат дека Баку го затворил и воздушниот простор кој води кон Ерменија.

Како што се наведува, овие мерки се преземени поради систематското гранатирање на вооружените сили на Ерменија, врз позициите на азербеџанската армија како и поради континуираното минирање на територијата.

Сирените за воздушен напад се огласуваат во главниот град на непризнатата Република Нагорно-Карабах, Степанакерт.


Армијата на Азербејџан со високопрецизно оружје изведува напади на линијата на фронтот и во длабочина, врз позициите на единиците на ерменските вооружени сили и воените објекти.

Се забележува дека „цивилното население и цивилната инфраструктура не се цели“.

За тековните активности е информирана командата на мировниот контингент на Руската Федерација и раководството на турско-рускиот мониторинг центар, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот