ВИДЕО | Автомобил влета на божиќна парада во Висконсин: Најмалку 5 загинати и 40 повредени, меѓу кои и деца

Винсконсин инцидент
Винсконсин инцидент/ Фото EPA-EFE/TANNEN MAURY

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени кога автомобил со полна брзина влета во толпата на божиќната парада во градот Вокиша, во американската држава Висконсин.

Полицијата соопшти дека лицето кое се смета за одговорно за инцидентот е во притвор, додека возилото било пронајдено на 32 километри одалечено од местото на настанот.

„Возилото удрило во повеќе од 20 луѓе. Меѓу повредените има и деца, а неколку смртни случаи се последица на овој инцидент“, соопшти полицијата

Во обид да се спречи газењето на луѓето еден од полицајците пукал врз луѓето Засега не е познато дали инцидентот е поврзан со тероризам.

 

Локалните медиуми објавија дека Службите за итни случаи префрлиле 11 возрасни и 12 деца во шест болници во областа и дека семејствата и пријателите транспортирале многу повеќе во болниците во Висконсин.

Детската болница во Висконсин на „Твитер“ објави дека примила 15 пациенти, но не пријавила смртни случаи.

 

На видеото објавено на Интернет се гледа црвено спортско теренско возило кое поминува низ парадата, налетувајќи на повеќе од десет луѓе пред толпата да истрча од тротоарот за да им помогне на повредените.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот