Фото: ЕПА

ВИДЕО | Авион удрил и усмртил човек што неочекувано се нашол на пистата на аеродромот во Денвер

Авион на „Фронтиер ерлајнс“ удрил и усмртил пешак на пистата на Меѓународниот аеродром во Денвер додека се подготвувал за полетување вчеравечер. Инцидентот предизвикал краткотраен пожар во моторот, а сите 224 патници и членови на екипажот биле евакуирани од авионот, јавува Би-Би-Си.

Според соопштението на аеродромот до медиумите, човекот ја прескокнал надворешната ограда и само две минути подоцна се нашол на пистата, каде бил удрен од авионот.

Меѓународниот аеродром во Денвер  објави дека идентитетот на жртвата сè уште не е утврден, но се претпоставува дека не станува збор за вработен на аеродромот.

По несреќата, противпожарната служба на Денвер брзо го изгаснала пожарот во моторот. Во кабината се појавил чад, па како мерка на претпазливост била наредена итна евакуација на сите патници од авионот.

Дванаесет патници пријавиле полесни повреди здобиени за време на инцидентот, а петмина од нив биле префрлени во блиските болници.

Пистата е затворена додека Федералната администрација за воздухопловство не спроведе истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот