ВИДЕО: Аталанта го испрати Ајакс во Лигата на Европа

epa08873187 Luis Muriel (L) of Atalanta celebrates with teammates after scoring the 1-0 lead during the UEFA Champions League group D soccer match between Ajax Amsterdam and Atalanta Bergamo at the Johan Cruijff Arena in Amsterdam, Netherlands, 09 December 2020. EPA-EFE/MAURICE VAN STEEN

Фудбалерите на Аталанта благодарение на победата ос 0:1 на гостувањето во Амстердам против Ајакс, втора година по ред ќе играат во осминафиналето од Лигата на шампионите.


Во пресрет на натпреварот од последното шесто коло во групата Д, италијанскиот тим имаше еден бод повеќе од Ајакс и нерешен резултат им одговараше. Но, во финишот успеаја да дојдат до сите три бода.
Екипата на Ајакс иако ја имаше контролата на топката, не направи ниту еден сериозна шанса за гол, и за 90. минути шутна само два пати во голот на Голини.
Победата на Аталанта ја донесе колумбискиот репрезентативец Луис Муриел во 85. минута.

Екипата на Ливерпул која од претходно го обезбеди првото место во групата, одигра 1:1 на гости против Митјиланд. „Црвените“ уште во првата минута поведоа со голот на Мохамед Салах, но Шолц од пенал го постави конечниот резултат.

Мохамед Салах со постигнатиот гол со собори рекордот на Стивен Џерард и стана најдобар стрелец во историјата на Ливерпул во Лигата на шампионите со 22 постигнати гола. 
Во финишот и двете екипи постигнаа уште по еден гол, но им беа поништени, на домашните играчи поради офсајд, а голот на Минамино поради играње со рака.

Европскиот вицешампион ПСЖ со 5:1 го совлада Истанбул Башакшехир во најконтроверзниот натпревар сезонава. Средбата требаше да одигра вчера но играчите на турскиот тим го напуштија теренот поради расистичките навреди од страна резервниот судија.

Денеска беше доигран натпреварот, ПСЖ славеше со убедливи 5:1, а на теренот блескаше Нејмар. Бразилецот постигна три гола, а два беа дело на Килијан Мбапе за освојување на првото место во групата. Почесниот гол за Башакшехир го постигна Мехмед Топал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот