Фото: Arsenal FC

ВИДЕО | Артета ја погоди измената: Мерино херој за Арсенал против Лестер

Фудбалерите на Арсенал ја продолжија победниичката серија во Премиер лигата и денеска го совладаа Лестер со 0:2 во рамките од 25. коло во најсилната англиска конкуренција.

Херој за избраниците на Микел Артета беше Микел Мерино кој на теренот влезе во последните 20-тина минути од средбата.

Мерино прво со глава одлично го искористи нафрлувањето од Енвавери, а потоа во 87. минута постигна нов гол по додавањето од Тросар.

Арсенал со овие три бода ја продолжи битката со Ливерпул кој е лидер со 57 бода и натпревар помалку, „топџиите“ имаат четири помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот