Фото: EPA/NEIL HALL

ВИДЕО | Арсенал слави на „Емирати“: Фантастичен гол на Езе против Баер Леверкузен

Фудбалерите на Арсенал вечерва се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите по победата во реваншот од осминафиналната фаза од 2:0 над Баер Леверкузен на „Емирати“ стадионот во Лондон. По првиот натпревар во Германија резултатот во овој двомеч беше 1:1.

Првиот гол за англискиот клуб беше дело на Еберечи Езе кој испрати „проектил“ во 36 минута во мрежата на голманот Бласвих.

Баер мораше малку да се отвори во играта во второто полувреме и да продолжи напред, но тоа само остави повеќе простор за она што Арсенал го прави најдобро.

Прво, Ѓекереш шутираше од транзиција, но топката помина покрај стативата. Сепак, во 63 минута, Деклан Рајс ја прими топката на гради и од работ на шеснаесетникот стрелаше за недостижни 2:0.

Арсенал ќе се соочи со португалскиот Спортинг во четвртфиналето, откако претходно го елиминираше Бодо/Глимт од Норвешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот