ВИДЕО: Арсенал испадна од Лига Европа, крај и за Унион Берлин

Ги дознавме сите четвртфиналисти во фудбалската Лига Европа, составот на Баер Леверкузен и по вторпат триумфираше над унгарскиот Ференцварош овојпат како гостин во Будимпешта.
За Германците првиот гол беше дело на Диаби во третата минута, а истиот фудбалер беше асистент на вториот погодок постигнат во 81 минута кога во листата на стрелците се запиша Адли.
Екипата на Рома успеа во Шпанија да ја одбрани предноста од првиот меч во Рим (2:0) откако одигра реми без голови против Реал Сосиедад.
После нерешените 3:3 на првиот дуел, на реваншот белгискиот Ројал Унион убедливо со 3:0 го совлада германскиот Унион Берлин. Теума во 18, Лазар Амани во 63 и Лапусин во 94 минута ја донесоа победата за Ројал Унион.
По првите 90 минути во Лисабон беше 1:1, а со истиот резултат се заврши и на реваншот во Лондон меѓу Арсенал и Спортинг. Немаше погодоци во двете продолженија, па победникот се одлучуваше во пенал серијата во која Спортинг беше подобар со 5:3. За Арсенал непрецизен од белата точка беше Мартинели.
Покрај, Спортинг, Баер Леверкузен, Рома и Ројал Унион, во четвртфиналната фаза на Лига Европа се и Манчестер јунајтед, Севиља, Феенорд и Јувентус.
ВИДЕО: АЕК Ларнака и Тричковски елиминирани од Лигата на конференции