ВИДЕО: АЕК Ларнака и Тричковски елиминирани од Лигата на конференции

фото: EPA-EFE/Tolga Akmen

Познати се сите учесници во четвртфиналето на Лигата на конференции која ќе продолжи без македонски претставник. АЕК Ларнака загуби и на реваншот во Лондон од Вест хем овојпат со 4:0 и со вкупни 6:0 кипарскиот претставник е елиминиран.

На денешното гостувањето македонскиот интернационалец Иван Тричковски беше на клупата за резервни играчи, но не доби минутажа. За „чеканите“ двапати во листата на стрелците се запиша Боуен, а по еднаш Скамака и Мубама.

Лацио исто така го заврши својот настап во натпреварувањето, римскиот клуб и по вторпат со ист резултат 2:1 загуби на возвратната пресметка во Холандија со АЗ Алкмаар.

Добро започна мечот за „небесно-сини“ со водство од 21 минута преку Фелипе Андерсон, но домаќините направија целосен пресврт. За израмнување се погрижи Карлсон (28`), а истиот играч беше асистент во 62 минута кога стрелаше Павлидис.

После нерешените 1:1 во првиот меч, Андерлехт славеше како гостин кај Виљареал со 0:1, а радост за Белгијците донесе Слимани во 73 минута по асистенцијата на Муриљо.

По минималните 1:0, француската Ница и по вторпат го преслуша Шериф Тираспол овојпат на домашен терен со 3:1. Првите два голови за Ница ги реализираа Лаборд (30`) и Мофи (53`), потоа Молдавците намалија преку Тапсоба, а конечниот епилог го постави Брахими во 79 минута на стадионот „Алијанц Ривиера“.

Покрај АЗ Алкмаар, Ница, Андерлехт и Вест хем, во четвртфиналето на Лигата на конференции се пласираа и Гент, Фиорентина, Лех Познањ и Базел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот