ВИДЕО | Арина Сабаленка со пехарот на турнирот во Бризбејн
Првите трофеи во новата тениска ВТА сезона ги освоија највисоко рангираната тенисерка во светот, Белорусинката Арина Сабаленка, и Украинката Елина Свитолина.
Препорачано
Сабаленка славеше над Марта Костјук – 6:4, 6:3 за шеста победа над Украинката во исто толку дуели и стана првата во историјата што стигна до трето последователно финале на ВТА 500 во Бризбејн, Австралија.
Таа славеше таму и во 2023 година, а минатата година беше поразена во финалето од Казахстанката Јелена Рибакина.
Сабаленка го освои својот 22 трофеј во кариерата и прв од Отвореното првенство на САД во 2025 година. Ова е нејзин шести трофеј во категоријата 500.
Свитолина дојде до пехарот на ВТА 250 турнирот во Окленд, Нов Зеланд, победувајќи ја 57 рангирана тенисерка Ксинју Ванг од Кина во финалето – 6:3, 7:6(6).
Ова е 19 трофеј во кариерата на Украинката и прв од април минатата година. Свитолина ја освои титулата на брза подлога за прв пат од август 2021 година. Нејзините последни седум трофеи доаѓаат од серијата 250.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
29мин
-
44мин
-
47мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


