ВИДЕО: Аргентинците го објавија првото интервју во животот на Меси

Прв клуб во кариерата на Лионел Меси беше Њуел`с Олд Бојс/Фото: EPA-EFE/Lavandeira jr

Аргентинецот одбележа една фудбалска ера, но и ера на Барселона каде ги собори сите рекорди, а денеска е член на ПСЖ. Како млад, Меси играше за Њуелс Олд Бојс од каде пристигна во Барселона на 14-годишна возраст.

Токму аргентинскиот клуб објави интересно видео на социјалните мрежи каде тогаш натпреварот го играше 13-годишниот Меси, а по мечот го имаше првото интервју во животот.

Видеото брзо стана хит на интернет, а фановите ги интересираше како изгледа првото дружење на младиот Меси со новинарите и камерите.

На тој натпревар во 1999 година, Меси го постигна вториот гол за Њуел Олд Бојс, а асистент беше Федерико Росо, играч кој најмногу кариерата ја изгради во Аргентина, но и играч кој дел од кариерата мина на Апенините во дресот на Бреша.

Меси одигра 520 натпревари во дресот на Барса, постигна 474 гола, додека за селекцијата на Аргентина запиша 156 настапи со 80 погодоци, а шест пати го освојуваше признанието „Златна топка“ за најдобар фудбалер на светот.

Во интервјуто не знаеше дека беше прогласен за најдобар играч на мечот, за вториот гол објасни дека топката дојде од Росо, Гриџини ја подаде до Лукас, Лукас ми ја подаде мене и јас реализирав. Голот го посветува дека на неговиот татко, неговиот вујко, до сето негово семејство, до сите луѓе кои го знаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот