ВИДЕО: Аргентина на два чекори од светската титула, крај за холандските „лалиња“

Аргентина е меѓу најдобрите четири репрезентации на Светското првенство во Катар/фото: EPA-EFE/Mohamed Messara

И второто четвртфинале на Светското првенство во Катар го одлучија пеналите, овој пат репрезентацијата на Аргентина беше подобра од Холандија. По регуларните 90 минути резултатот беше 2:2, немаше погодоци во продолженијата, а во пенал-серијата Аргентинците славеа со 4:3.

Во 35 минута „гаучосите“ поведоа преку Молина, а мајсторска асистенција имаше Меси. Токму играчот на ПСЖ се запиша и во листата на стрелците, односно беше сигурен од белата точка во 73 минута за зголемување на позитивата.

Холандските „лалиња“ не се предаваа, успеаја да се изборат за продолженија најмногу благодарение на Вергхорст кој стрелаше во 83 минута и во последниот напад од слободен удар (90+11`).

Пенал серијата лошо ја започнаа играчите на Луј ван Гал, непрецизни беа ван Дајк и Бергхуис, а Меси и Паредес се погрижија за 2:0. Копмејнерс и Вегхорст беа поуспешни во дуелите со аргентинскиот голман, а на спротивната страна Монтиел беше сигурен, но не и Фернандез кој го промаши целиот гол.

Де Јонг израмни на 3:3, а Ноперт имаше за задача да го одбрани ударот на Лаутаро Мартинез, но тоа не се случи, сигурен беше играчот на Интер и го триумфот на „гаучосите“.

Аргентина во полуфиналето на 13 декември (вторник) со почеток од 20.00 часот ќе игра против Хрватска која претходно го елиминираше Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот