ВИДЕО | Андоновиќ: Победа на „Српска листа“ во сите српски општини, водат партијата на Хашим Тачи и Рамуш Харадинај, Самоопределување оди на поправен испит за две недели

Дејан Андоновиќ / Фото: Принтскрин / Јутјуб

Победа на Српска листа во сите 10 општини, каде ќе имаат градоначалници. Меѓу албанските партии водат партијата на Хашим Тачи и Рамуш Харадинај, додека владеачката Самоопределување на Албин Курти оди на поправен испит во вториот круг од изборите кои ќе се одржат за две недели.

Според досега објавените резултати на веб-страницата на Централната изборна комисија, во 19 општини во Косово во првиот круг беше избран градоначалник, од кои во девет од 10 општини со мнозинство српско население, и во ниту една од општините не победи кандидатот на Самоопределување.

Во првиот круг на гласање за градоначалници и општински собранија, Самоопределување не освои повеќе од 50 проценти од гласовите во ниту една од 38-те општини на Косово – иако имаше 50,3 проценти од гласовите на парламентарните избори.

Многу поуспешни беа традиционалните партии на Косово – Демократската партија на Косово (ПДК), Алијансата за иднината на Косово (ААК) и Демократската лига на Косово (ЛДК) – кои имаат вкупно девет безбедни општински лидери по првиот круг, според прелиминарните резултати.

Според резултатите во општините каде што не се очекува втор круг, ПДК води пред другите албански партии – први се во Урошевац, Јужна Митровица, Србица, Качаник и Генерал Јанковиќ.

Во меѓувреме, според досегашните резултати, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) ќе победи без втор круг во Пеќ и Липљан, додека Алијансата за иднината на Косово (ААК) ќе победи во Дечани и Сува Река.

За две недели ќе се гласа во 20 од вкупно 38 општини на Косово во рамките на вториот круг од изборите.

Државниот обвинител на Косово објави дека до вчера, на целата територија на Косово, во врска со изборниот процес, биле регистрирани шест случаи на нерегуларности, во кои биле вклучени 14 лица, од кои 13 се приведени.

Лицата се процесуирани под сомнение дека сториле кривични дела повреда на слободното определување на избирачите и давање или примање поткуп во врска со гласањето, како и за попречување на гласањето и фалсификување на резултатите од гласањето.

Претходно беше објавено дека за време на изборниот ден во Косово, имало 80 обвинители на должност, 40 судии на должност, додека повеќе од 3.300 полицајци се грижеле за безбедноста на гласањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот