Видео | Анализа: Тачи прв намириса во кој правец ќе се движат албанските партии

Мендух Тачи претседател на ДПА Фото: Драган Митрески - Слободен Печат

Во наредниот период ќе се случуваат многу интересни работи во т.н. албански партии на македонската политичка сцена, а Мендух Тачи, не би бил Мендух Тачи доколку прв не намириса дека е момент за некаква акција и тој го напушта Европскиот фронт, коалиција која пред изборите беше формирана од ДУИ, вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ, во анализата на домашната политичка сцена на утринската програма.

– Да прецизираме, партискиот извор вели ДПА го напушта Европскиот фронт, но, Тачи ќе ја задржи комуникацијата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Јасно е дека тој ја напушта таа предизборнакоалиција, но веројатно е дека не се откажува од врските што ги има со ДУИ. Тука би се надоврзал на изјавата на Арбен Таравари, еден од лидерите на Вреди, кој кажа „гледам дека ДУИ полека се навикнува на опозициското столче“ и дека тоа е супер за државата. Очигледно е дека е ставен крај на шпекулациите за тоа дека владината коалиција е на „стаклени нозе“ и дека ќе има нова, или, пак, дека ќе има предвремени избори – вели Ивановиќ.

Целата анализа можете да ја погледнете на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот