ВИДЕО: Американската морнарица активираше бомба во океан, експлозијата предизвика земјотрес

Американската морнарица изведувајќи вежба, активираше бомба во океан, по што имаше силна експлозија, пренесува американскиот ,,Нејви“.

Експлозијата која ја изведе американската морнарица, била толку силна што предизвикала земјотрес.

Тие објавија снимка на која се покажува моментот во кој беше активирана бомбата од 18 илјади килограми, блиску од крајбрежјето на Флорида.

Оваа експлозија во океанот, била еден од тестовите за можностите во воените околности, а бродот на американската морнарица се наоѓал блиску до местото на експлозијата.Намерата била да се провери колку се издржливи бродовите, кога би се соочиле со вакви напади.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот