ВИДЕО | Ајвар во туба како кечап: Хит-производ или врвна балканска ерес?

Фото: Подравка

Хрватскиот гигант од прехранбената индустрија, „Подравка“, објави дека прв во светот лансирал пакување на ајвар во т.н. „squeeze“ пластична амбалажа, слична на оние во кои сме навикнати да купуваме кечап, која целосно ќе ги замени стаклените тегли за пакување на балканскиот специјалитет.

Проектот за новата амбалажа е кофинансиран од ЕУ и хрватската влада, чинел 5,5 милиони евра. Тој вклучува завршување на работите и инвестиции во модернизација на фабриката за преработка на овошје и зеленчук, нови технологии и нови производи.

На социјалните мрежи ширум Балканот, потегот на хрватската компанија беше пречекан со потсмев и зачуденост, додека од „Подравка“ велат дека ајварот пакуван како кечап веќе станувал хит на пазарот.

„Со оваа инвестиција овозможивме да го зголемиме капацитетот за преработка на овошје и зеленчук, но неговата најголема вредност е линијата која ни овозможува целосно иновативен начин на пакување на ајварот и другите производи. Горди сме што нашиот тим од експерти дизајнираше амбалажа за ајвар, која е прва од ваков вид во светот и веќе станува хит меѓу потрошувачите. Модернизацијата на производствените капацитети на Подравка е во полн ек, што ќе ни овозможи да направиме дополнителни иновации и да ја зајакнеме нашата конкурентност во 70-те земји во кои ги извезуваме нашите производи“, изјави претседателката на Управниот одбор на Подравка, Мартина Далиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот