ВИДЕО | Ајкула уби маж во Нова Каледонија, сведоците во паника

Фото: Илустрација

Турист загинал откако бил нападнат од ајкула во водите крај Нова Каледонија во јужниот дел на Пацификот, јавија локалните медиуми, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Мажот, кој потоа беше објавено дека е турсит од Австралија и имал 59 години, пливал во близина на плажата Шато-Ројал во главниот град Нумеа кога ајкула го нападнала околу 16 часот по локално време.

Иако две лица го извлекле мажот, тој не ги преживеал повредите, пренесуваат медиумите. По трагичниот настан, властите ги затвориле плажите во Нумеа, популарна дестинација за меѓународните туристи на француската прекуморска територија.

„Пливањето и наутичките активности се затворени во 300-метарскиот крајбрежен појас до понатамошно известување“, се вели во соопштението на градскиот совет на Номеа. По нападот беше активирано и убивање ајкула, додаде Нова Каледонија 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот