ВИДЕО: Адеми и Ристовски во групите на ЛШ, Динамо го урна и норвешкиот Бодо на „Максимир“

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Динамо Загреб на реванш натпреварот од плеј-офот за пласман во групите на Лигата на шампионите успеа да го елиминира Бодо/Глимт од Норвешка во продолженијата со вкупни 4:1.

На првиот меч во Норвешка екипата на Бодо триумфираше со 1:0, а по регуларните 90 минути на стадионот „Максимир“ играчите на тренерот Чачиќ беа подобри со 2:1.

По првиот дел водеа „модрите“ со 2:0, стрелец на првиот гол беше Оршиќ во четвртата минута, а во 35 минута Петковиќ со ножички ја зголеми позитивата по асистенцијата на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Гостите успеаја да се вратат во натпреварот, во 70 минута намали Гронбаек по додавањето на Салтнес.

На стартот од првото продолжение (91`) теренот го напуштија Ристовски и Аријан Адеми. Се ближеше крајот на второто продолжение и кога сите помислија дека победникот ќе се решава во пенал серијата, следуваше огромна радост кај домашните навивачи.

ВИДЕО: Барди ќе игра во групите на Лига Европа, шкотскиот Ренџерс се враќа во ЛШ

Најпрвин Дрмиќ во 117 минута стрелаше за 3:1, а истиот играч асистираше до Бочкај (кој го замени Адеми) за поставување на конечниот епилог. Бодо/Глимт после овој неуспех ќе продолжи во групите на Лига Европа.

Динамо до групите на ЛШ мораше да помине вкупно три квалификациски кола, до пласманот во групната фаза ги елиминираше Шкупи (Македонија), Лудогорец Разград (Бугарија) и Бодо/Глимт (Норвешка).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот