ВИДЕО: Барди ќе игра во групите на Лига Европа, шкотскиот Ренџерс се враќа во ЛШ

фото: EPA-EFE/Claus Bech

На реванш натпреварот од плеј-офот за пласман во групите на Лигата на шампионите ремизираа екипите на Трабзонспор и ФК Копенхаген со резултат 0:0. Благодарение на триумфот во првиот меч од 2:1, данскиот шампион обезбеди пласман во групната фаза.

ФК Копенхаген го издржа сиот налет на турскиот првак во чии редови беше и македонскиот репрезентативец Енис Барди кој го одигра целиот меч. Нашиот играч се најде во неколку прилики да ја затресе мрежата на Рајан, но не успеа да се запише во листата на стрелците.

Трабзонспор после оваа елиминација своето учество на меѓународната сцена ќе го продолжи во групите на Лига Европа.

Ренџерс чекаше повеќе од една деценија за повторно да биде дел од европскиот фудбалски крем, откако на гостувањето кај ПСВ славеше со 0:1.

По првите 90 минути во Шкотска резултатот беше 2:2, и Холанѓаните имаа убава шанса да ја остварат целта, но ги разочараа своите навивачи на „Филипс стадионот“ во Ајндховен.

Стрелец на единствениот гол беше хрватскиот интернационалец Чолак во 60 минута. Интересот е податокот што Шкотска за првпат по 15 години ќе има две екипи во групите на ЛШ, Ренџерс и Селтик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот