ВИДЕО: „Грми“ на Максимир, гол со ножички на Петковиќ по асистенцијата на Ристовски

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

После првото полувреме на стадионот „Максимир“ во Загреб екипата на Динамо со 2:0 води против Бодо/Глимт во реваншот од плеј-офот за пласман во групите на Лигата на шампионите.

Првиот меч во Норвешка заврши со триумф на Бодо/Глимт од 1:0, но со овој резултат во хрватскиот главен град, „модрите“ се поблиску до остварување на целта.

Домаќините го постигнаа првиот гол уште во четвртата минута со погодокот на Оршиќ после еден контра напад за голема радост на трибините.

Вториот гол беше реализиран во 35 минута, македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски асистираше до Петковиќ кој на прекрасен начин со „ножички“ ја затресе мрежата на Хаикин. Во домашниот состав од првата минута е и вториот наш репрезентативец Аријан Адеми.

На другите два меча по првите 45 минути: ПСВ – Ренџерс 0:0 и Трабзонспор – ФК Копенхаген 0:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот