„Victoria’s Secret“ со нов градник за мастектомија: Заедно со Стела Макартни во борба против ракот на дојка

викторијас сикрет стела макартни
Фото: Принтскрин / Instagram

„Victoria’s Secret“ лансира нова линија на градници за мастектомија во заедно со модната дизајнерка Стела Макартни во кампања за борба против ракот на дојка овој октомври.

Градникот е дел од пошироката кампања за овој октомври кој е месец за свесност за ракот на дојка. Кампањата има за цел да зборува за знаците на препознавање и ризиците за развивање на рак на дојка.

Во моментов „Victoria’s Secret“ се ребрендира, обидувајќи се да допре што поголем број и тип на жени преку нивната облека.

Според статистиките на марката, скоро 1 од 8 жени во САД развиваат инвазивен рак на дојка во текот на нивниот живот, а околу 85% од појавите на рак на дојка се случуваат кај оние кои немаат фамилија со семејна историја која ја вклучува оваа болест.

Кампањата ги мотивира „оние со гради“ редовно да се проверуваат за било какви рани знаци на рак на дојка и да пријават секакви абнормалности на својот здравствен работник.

Градникот за масектомија на „Victoria’s Secret“ носи име „Body by Victoria Mastectomy“ и ќе биде достапен во две бои, црна и беж. Специјално е дизајниран за оние со рак на дојка и е направен без фишбан, од мек материјал, со откопчувања од напред и од позади, и вклучува џепче во внатрешната постава во кое може да се вметне простетика, пишува прес објавата на брендот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stella McCartney (@stellamccartney)

Овој месец октомври градникот ќе биде достапен за само 10 долари, а сто проценти од средствата ќе одат во глобалниот фонд на „Victoria’s Secret“ за Рак кај Жените за да го подржат истражувањето.

„Имаме уникатна можност, но исто така и одговорност, да ја користиме нашата платформа и големината и можноста да оставиме печат на глобално ниво за да донесеме поголема свестност за ризиците од ракот на дојка, особено меѓу помладите жени, и да едуцираме за ефективноста на личните проверки“, изјави маркетинг директорот на „Victoria’s Secret“, Марта Пис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlotte (@lattesandloveliness)

Градникот се пласира во период кога брендот се повлече од маркетингот кој вклучуваше манекенки и супермодели со совршена фигура, и се пренасочи кон опфаќање поширока публика на жени. Брендот е во фаза на реновирање на повеќе од 1400 продавници отфрлајќи ги досега препознатливите розева боја и нереалистични манекини, и целејќи кон пореалистичен и пристапен изглед.

Градникот е создаден во соработка со фондацијата „Stella McCartney Cares“, која се бори за рана детекција и превенција на ракот на дојка, а е создадена во име на мајката на Стела, Линда Макартни, која почина од рак на дојка во 1998 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот