Веспрем во карантин: Соиграч на Манасков позитивен на ковид-19!

фото: фејсбук

Како што известуваат од унгарскиот клуб, во текот на тестовите направени во понеделникот, голманот Родриго Коралес имаше позитивен резултат на ПСР тестот.

Соиграчот на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков не чувствува никакви симптоми, а тестот во вторникот го потврди позитивниот резултат, ставајќи го ракометарот во заштитен карантин.

Во соработка со локалните власти, другите играчи, кои дадоа негативни резултати, и непосредните членови на стручниот штаб заминаа во превентивен карантин. За нив, оваа недела ќе имаат повеќе тестови.

Поради карантинот, од Веспрем побараа да се одложи нивниот натпревар в четврток против Комло од Унгарската ракометна федерација.

За ситуацијата ја информирани се и првите луѓе од ЕХФ. Како што е веќе познато, одложен е и дерби мечот од Лигата на шампионите меѓу Веспрем и Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот