ЛШ: Коронавирусот го одложи и дербито Веспрем-Барселона!

Фото: twitter.com/FCBhandbol/status

После еден од низата редовни тестови на ковид-19 направени минатиот петок, резултатите покажаа дека тројца членови на стручниот штаб на шпанската Барселона се позитивни, па затоа е донесена одлука целиот тим да биде во карантин 10 дена, почнувајќи од 17 октомври.

Од тие причини, каталонскиот гигант побара одложување на натпреварот од петтото коло во Лигата на шампионите против унгарскиот Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, како и на мечот од шпанското првенство против Бенидорм.

– Заразените членови на Барселона се добро, не чувствуваат симптоми и ќе ги почитуваат сите пропишани мерки – се наведува во соопштението на Барселона.

Ова не се првите случаи на коронавирус во најтрофејниот европски клуб, претходно синот на тренерот Чави Пасквал, Алекс имаше ковид-19, а потоа и Каспер Мортенсен доби позитивен резултат на тестот.

Токму екипите на Барселона и Веспрем, заедно со данскиот Алборг моментно ја делат првата позиција на табелата во „Б“ групата со по осум бодови од четири максимални победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот