Весли Снајдер потпиша за Утрехт и веднаш се пензионира

Поранешниот холандски репрезентативец, Весли Снајдер на 35 години одлучи да стави крај на богата фудбалска кариера. Тој тоа го направи на невообичаен начин, потпиша со тимот од родниот град, Утрехт за кој нема ниту еден настап и веднаш објави дека заминува во пензија.

– Мојата љубов кон градот Утрехт е голема. Често зборувавме за можноста да дојдам тука, а сега го ставивме тоа на хартија – изјави  Снајдер.

Кариерата на Снајдер започна во Ајакс, а потоа настапуваше и за Реал Мадрид, Интер, Галатасарај, Ница и Ал-Гарафа. Најубавите фудбалски моменти ги имаше во Интер за кого играше во периодот од 2009 до 2013 година кога триумфира во Лигата на шампионите.

Весли има рекордни 134 настапи за репрезентацијата на Холандија со 134 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот