Родители на загинатите во Кочани / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Родителите на жртвите од Кочани се сретнаа со директорот на Судска медицина

Вештаци од институтот за судска медицина на судењето за кочанската трагедија јавно на судењето ќе ги презентираат сите докази од што и како починале жртвите во кочанската трагедија – ова произлегува од денешната средба меѓу претставници на семејствата на загинатите и директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков.

„Директорот ни кажа дека се направени сите токсиколошки анализи. Ни објасни дека не може тој да ни ги каже резултатите бидејќи според Закон вештаците ќе треба да се изјаснат пред судот – рече Александар Наунов, претседател на Здружените на граѓани 16 март 2025 и татко на починатата Надица Наунова.

Родителите кои утрово дојдоа во Судска медицина на средба со директорот Александар Станков добиле уверување дека се направени сите потребни токсиколошки анализи и се било предадено во Обвинителството.

„Се што треба досега да се објасни, како што и претходно дадов изјави, се што е побарано од нас е завршено и сите докази ќе бидат јавно презентирани во текот на судската постапка“ изјави директорот на Судска медицина Александар Станков.

Инаку родителите од Институтот заминаа во судница во Идризово каде продолжува судењето.

Родителите од Кочани во Судска медицина – бараат одговори за присуство на цијанид во крвта на нивните деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот