Родители на загинатите во Кочани / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Родителите од Кочани во Судска медицина – бараат одговори за присуство на цијанид во крвта на нивните деца

Родителите чии деца загинаа во трагичниот пожар во Кочани утрово дојдоа во Институтот за судска медицина на средба со директорот од кого бараат одговори за токсиколошките анализи што се правени и дали се испитувало присуство на цијанид во крвта.

Сите влегоа во Институтот за да бараат информации од што точно починале нивните деца.

На 14 јануари родителите доставиле барање до Институтот за судска медицина во кое прашуваат дали институтот правел токсиколошки анализи и дали испитувале присуство на цијанид, но одговор не добиле до денеска.

Родители на загинатите во Кочани / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Уште пред четири месеци тие побарале итна средба со претставници од Судска медицина, но добиле само една колективна средба на која директорот им ветил детални образложенија на секој од нив поединечно, што според Наунов не се случило.

Родители на загинатите во Кочани / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

-Зошто правевте обдукција ако не е завршена работата целосно, кого штитите? Државата ли, институциите ли, министерствата ли? Ова е прашање на човечност, професионалност и одговорност кон семејствата кои изгубија сè. Ова е неприфатливо сокривање информации од семејства кои имаат право на вистина. Ако наредните 3 дена не добиеме писмен сеопфатен одговор, ќе дојдеме пред Судска медицина и нема да си одиме додека не ни ја дадете вистината што ни ја должите – изјави претседателот на Здружението на граѓани „16 март 2025“, Александар Наунов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот