Труењето со јаглерод моноксид е главна причина за смртта на жртвите во „Пулс“, цијанидот и другите фактори само потпомогнале
Главна причина за смртта на 59-те жртви во пожарот во дивата дискотека „Пулс“ е труење со јаглерод моноксид, изјави на денешното рочиште директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков кој детално ја објаснуваше причината за смртта на жртвите којашто произлезе од обдукциските наоди и токсиколошките анализи. Кај 33 жртви биле пронајдени цијаниди во крвта, …

