Верижен судар на повеќе од 20 камиони во Бугарија, има и загинати

Сѐ уште не е службено потврдена причината за несреќата, но се претпоставува дека е поради густата магла и намалената видливост.

Во Бугарија денеска околу 7.30 часот се случи тешка сообраќајна несреќа. Се судрија камиони во транзитен конвој.

Во сударот учествувале повеќе од 20 камиони. Двајца возачи загинале, а четворица се повредени.

Педесетина камиони се движеле од граничниот премин Капетан Андреево по автопатот Тракија. Камион се судрил со автомобил, а по кочењето се удрил со уште 20 визла, главно камиони.

Сѐ уште не е службено потврдена причината за несреќата, но се претпоставува дека е поради густата магла и намалената видливост.

Во конвојот имало и хрватски возачи

Во конвојот камиони имало и хрватски возачи. За ХТВ зборуваа возачи кои учествувале во сударот.

Имавме среќа зошто нашиот возач бил меѓу првите во тој конвој во таа густа магла па успеал да закочи. Имал лесен товар и не се судрил, изјави возач на камион од Славонски брод.

За другиот хрватски возач вели дека имал безбедносен систем на камионот кој во моментот на сударот реагирал и успеал да закочи, но штом застанал, следниот камион се забил во него. Третиот камион целосно влетал под камионот пред себе.

„Тие конвои се најголемо промашување  што се однесува ма мерките за заштита од коронавирусот“, вели возачот и појасни дека возачите можат да застанат на две до три паркиралишта на простор од 300, 400 километри, и нема каде да застанат и едвај чекаат да ја поминат државата.

Смета дека конвоите се непотребни, полицијата само ги кочи и на граничните премини чекаат и по 4 часа.

„Тие конвоји се погубни за луѓето. Кога ќе тргнеме од Турција, немаме право да застанеме се до Австрија“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот